Охридската полиција утринава го уапси Б.Д. (35) од струшкото село Ливада, откако во 1.30 часот, во казино „Адмирал“ на улицата Партизанска во Охрид со кој го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот.
По нападот Б.Д. избегал со автомобил „голф“, но подоцна бил уапсен. Истражителите откриле дека претходно, имало тепачка во „Адмирал“ во која Б.Д. го нападнал Р.М. (31) од Охрид нанесувајќи му повеќе удари со тупаници по главата, а откако во казиното пристигнале сега повредените Н.М. и и Е.М. кои се вклучиле во нарушувањето, при што биле тешко повредени со нож.