Стружани бараат трет изборен круг – не сакаат градоначалник со бугарски воз


Стружани денеска на мирен протест што го организира коалицијата „Заедно за Струга“ побараа поддршка од Управниот суд на Република Македонија, во однос на жалбите што ги поднесе за изборните нерегуларности на локалните избори што се одржаа во оваа општина.

izbori glasanjeСпоред претседателот на oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Перо Петкоски, во Струга треба да се спроведе трет изборен круг, на кој на демократски и фер начин ќе се избере градоначалник на општината.

„Бараме Управниот суд да донесе одлука во наша полза односно очекуваме позитивен одговор на нашето барање и прогласување на вториот круг од локалните избори за нелегитимен, со тоа што би дошле до израз сите неправилности кои се случуваа на денот на изборите. Очекуваме трет изборен круг кој ќе биде фер и на кој ќе побди подобриот“, изјави Петкоски.

Како што додаде тој, коалицијата „Заедно за Струга“ ќе продолжи да функционира и натаму за доброто на градот.

„Коалицијата ја создадовме за подолго време и ќе продолжиме заедно да работиме за доброто на Струга. Ќе даваме критики секогаш кога некој ќе работи против доброто на градот, а ќе ги поддржуваме сите добри работи кои се од интерес на Струга и нејзиниот развој“, додаде Петкоски.

На вториот круг од локалните избори што се одржа на 7 април, коалицијата „Заедно за Струга“ забележа бројни нерегуларности во текот на гласањето како што се семејно и групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето, полнење на гласачки кутии, гласање во име на друго лице, како и попречување на работата на набљудувачите на изборниот процес.

Државната изборна комисија прифати само два приговори од коалицијата македонски партии во Струга, а ги отфрли останатите дваесеттина, поради што, оваа коалиција ги обжали решенијата на ДИК во Управниот суд.

Региони.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1