Некој му ја скршил шофершајбната на Милетиќ во Скопје – Политичка пресметка? (Фото)


miletic1Лидерот на Српската напредна Стрнака вели дека е закана.

Со камен ноќеска по полноќ непознато лице го искршил ветробранското стакло на автомобилот на Драгиша Милетиќ лидерот на Српската Напредна Странка во Македонија. Милетиќ вели дека ова е закана, јавува Канал 5.

„Мислам дека е закана. Но, ова е закана и за демократијата во Македонија“, изјави Драгиша Милетиќ, лидер на Српска Напредна Странка во Македонија. Милетиќ раскажа дека претходно имало вакви сценарија на заплашување.

За време на кампањата за локалните избори нападите биле посилни. Српската Напредна Странка му даде поддршка на Стевчо Јакимовски за градоначалник на општина Карпош.

„Да, имав и претходно закани. Ми пишуваа со кармин на автомобилот „оди си во Србија“, ме заградуваа со контејнери“, рече лидерот на Српска Напредна Странка во Македонија за Канал5.

Случајот е пријавен во полиција и се бара сторителот. Од таму велат дека ноќеска биле оштетени и неколку други автомобили.             

Видео на – Канал 5 

miletic

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1