Стружани ќе протестираат против одлуката на ДИК


struga novaВо Струга за денеска е најавен мирен протест против одлуката на Државната изборна комисија – ДИК, која ги одби повеќето приговори за изборни нерегуларности поднесени од ВМРО ДПМНЕ. Усвоените два приговора се недоволни да се оспори изборната победа на кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села.

Во вториот круг од локалните избори во Струга Зијадин Села освои 5494 гласа повеќе од заедничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочоски.

Поразената коалиција упати низа забелешки на регуларноста на изборниот процес, но поднесените приговори не беа целосно прифатени од ДИК.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1