Во полициската станица во Струга, вчера е пријавено грабнувањето на С.К.(1972), откако таа излегла од „Тутунска банка“ на улицата Маршал Тито, околу 9 часот.
Додека се движела кон пекарата „Алмико“, била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност, по што ја внеле во возило со со кое го управувало женско лице на возраст од околу 50 години.
Во возилото преку лицето и била ставена марама. По околу 20-тина минути возење ја внеле во просторија, но претходно женските лица и ја одзеле чантата во која имала околу 1000 до 2000 евра. Околу 13 часот оштетената била пронајдена на клупа на плажа.
Срушката полиција презема мерки за расчистување на случајот.