Внимавајте: Еве зошто толку нагло поевтини лимонот


Цената на лимонот, кој е еден од најраспостранетите цитруси, во супермаркетите и на пазарите буквално се преполови во однос на периодот пред месец дена, кога истиот тој лимон се продаваше по цена повисока и од 150 денари!

Oбјаснување за овој случај ни понуди хрватскиот портал supermarket.info. limon2

Нивното истражување покажало дека всушност евтиниот лимон на нивните пазари потекнува од Турција, а токму на неговата декларација пишува “Да не се користи кората! Лимонот е третиран со имазалил”!

Ова предупредување, како што е и вообичаена пракса, е напишано со многу мали и нечитливи букви, па токму поради тоа и многу мал број на купувачи можат да го прочитаат, а повеќето веројатно и нема да го забележат.
limon-fungicid
За сите кои прв пат слушаат за имазалилот, се работи за фунгицид чија употреба е широко распространета во агрикултурата, првенствено при одгледувањето на цитрусните плодови. Тој продира низ целиот плод, не само низ кората. Се работи за исклучително токсична состојка која ја иритира кожата и предизвикува солзење на очите.

Имазалилот е стабилен и на високи температури, а кај возрасните луѓе првенствено делува негативно врз репродуктивните органи и докажано е канцероген!limon skapan

Кај малите деца имазалилот предизвикува проблеми со централниот нервен систем! Просечнo утврдено количество е 5.2 милиграми на килограм, што значи дека е доволен само еден поголем лимон за пречекорување на дневната доза, пишува овој хрватски портал.

Токму затоа, оваа за оваа информација треба добро да сте запознаени, но многу е важно и да ги предупредите вашите пријатели!

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1