Сценарио за инциденти и непризнавање на изборите на 27 април?


Дали опозицискиот СДСМ на чело со лидерот Зоран Заев веќе има договорено сценарио за предизвикување политичка криза во случај на пораз на 27 април, и на парламентарните избори и на претседателските избори, со цел актуелното раководство, кое застана на чело на партијата пред нецела година, да не понесе одговорност за лошото менаџирање на изборната кампања? Ова прашање се отвора откако самиот Заев, но и неговиот кандидат за шеф на државата Стево Пендаровски, последниве неколку дена откако ја пласираа тезата за „системска кражба на гласовите“ почнаа отворено да зборуваат дека по 27 април, ако не им се допаднат изборните резултати, отворени се опциите како бојкот, улична демократија, граѓанска непослушност, пишува Дневник.

gruevskizaevВладејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека има индиции оти СДСМ веќе има детаљно сценарио според кое, на денот на изборите им е даден налог на партиските активисти да провоцираат и да прават проблеми за да изградат алиби за поразот, за потоа да создадат и политичка криза. Од СДСМ, пак, велат дека остануваат на тоа оти сите опции се отворени, но Заев, иако самиот ја отвори приказната за можна улична демократија, вели дека централата дала насоки само да ги мотивира граѓаните за поголема излезеност со цел да не се дозволи уште еден мандат на Никола Груевски.

СДСМ има намера да ја втурне Македонија во многу голема политичка криза. Ги предупредуваме да не си поигруваат со иднината на државата – рече Димовски.

На ваквите обвинувања Заев вчера одговори дека тие водат само активна кампања за да го разобличат криминалот на Груевски и оти насоките до партиските активисти е да ги убедат граѓаните што помасовно да излезат на гласање на 27 април.

Сепак, додека тврди дека се води активна кампања, Заев не испушта да каже дека многу е извесно оти тој и неговата партија нема да ги признаат резултатите на 27 април. На прашањето во кој случај нема да ги признаат резултатите од изборите, Заев вчера рече:

– Единствено каде што ќе има прекршувања, констатирања на системската контрола на власта, притисоци, закани, уцени и слично, кои не потврдуваат минимум фер демократска атмосфера и регуларни избори… Само во такви случаи, без разлика на исходот на резултатот. И во случај Социјалдемократскиот сојуз да изгуби и во случај Социјалдемократскиот сојуз да победи. Тоа што секој ден е достапно во јавноста, апсолутно е најава дека власта своите валкани раце не ги крева и од избирачкиот процес.

Целата анализа на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1