Студент направил нацрт на атомска бомба – ЦИА го бркала него, Пакистанците пак неговите нацрти


Во 1977 година Џон Аристотел Филипс, бил бруцош со подпросечен просек на Принстон и бил дете на грчки имигрант. Бил исфрлен од оркестарот од Универзитетот, а хоби пронашол носејќи го оделото на тигар, односно локалната спортска маскота.

atomska-bomba-teksas-rastavili-bombu-1328585176-109759Да работата биде уште пострашна, бил пред исфрлување од Универзитетот поради бројните предмети кои не ги положил. Кога добил задача да напише семинарска работа, си поиграл со составувањето на нацртот, за нуклеарна направа.

Неговата семинарска била наречена „Како изгледа сопствена атомска бомба“. Интересно е тоа што учител му бил Фриман Дјусон.

Дизајнирал тип на оружје со големина на топка за одбојка, онаа која што е фрлена на Нагасаки. Дури и работел на нацртот и го подобрил. Информации собирал од поедини документи на американската влада.

dzon-ari-filips-01

Неговиот нацрт бил потполно функционален, иако подоцна неговите професори изјавија дека сепак не ги средил сите ситници. Дјусон на Филипс му се јавил дека ќе добие петка, но би било најдобро да ја запали семинарската работа штом му ја стави оценката. Но, тука се вмешала американската влада која ја запленила неговата работа.

Избил медиумски циркус, а амбасада се обидела по неколку месеци да добие копија од есејот за „дипломатска причина“ што резултирало со жестока кавга во американскиот Сенат.

Филипс го прателе НСА, ФБИ, и ЦИА, но тоа не го загрижувало.

Преку ноќ станал славен. Гостувал на телевизии, позирал пред камери, а се појавил и како говорник со угледниот научник и автор Исак Асимов.

dzon-ari-filips-05Со својот цимер во 1979 година, ја објавил својата приказна во облик на книга. Како што обично иде, брзо избледил од јавната сцена. Се обидел да влезе во антинуклеарниот активизам, но без успех.

А, во 1980 и 1982 година станал демоктратски кандидат на претставничкиот дом на Конгресот. Но, искуството го искористил, да со братот, воспостави Аristotle Inc, консултантска компанија, која се специјализирала за комбинирање на гласачки попис со други податоци, како што е посетување на црква, поседување на оружје и сл. Аristotle Inc според процените од 2007 година имал детални податоци за повеќе од 175 милиони американски гласачи, а има околу стотина вработени. Услугите на неговата компанија ја користеле сите претседатели од Роналд Реган па се до денес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1