Фенг-шуи е суеверие – Забранета продажбата на книги за фенг-шуи во Кина


Книгите за „фенг-шуи“ и предвидување на судбината се повлечени од продажба во рамките на кампањата против суеверие на кинескиот претседател Кси Јинпинг, објави „Чајна морнинг пост“.

create_a_feng_shui_wealth_vaseСепак, интересот меѓу кинеските граѓани за овие книги е голем, па нивната продажба сега е префрлена на црниот пазар.

Мак Линг-линг и Со Ман-фунг, самопрогласени мајстори за фенг-шуи од Хонгконг, повеќе немаат дозвола своите книги да ги продаваат на кинескиот пазар На кинеските интерент страници сега се продавата само нивни пиратски копии.

– Овие книги не може да бидат веродостојни. Нивната цена е пониска од таа по која се продаваат во Хонгконг, изјави Вонг Бинг-шун, продавач на книги и списанија од Хонгконг.

Според него книгите за предвидување на судбината биле особено популарни меѓу туристите во Кина, кои сега се насочени кон поевтини копии на црниот пазар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1