Ричард Вилсон (19) од Ирска сакал да студира информациски системи, но сфатил дека ќе му бидат потребни доста книги. Во недостиг на пари, смислил начин како да заработи за да ги купи потребните книги.
Тој пред неколку недели започнал еден интернет проект „Билборд од милион долари“ кој во краток рок му донел 60.000 долари.
Имено, Ричард направил сајт на кој продава пиксели како рекламен простор. Еден пиксел, еден долар. Веројатно овој вид огласување веќе ви е познат. Истото во 2005. година го направил и Алекс Тју и за многу краток рок заработил милион долари.
Идејата на Ричард сепак малку се разликува. Ова момче планира од вишокот пари да закупи билборди во сите поголеми градови на кои би ги рекламирал компаниите кои на неговиот сајт закупиле простор.
Тоа не би требало да биде голем проблем за Ричард, бидејќи неделно, од продажба на пиксели заработува околу 20.000 долари.