„Дневник“: Полицајците морале да ја обијат вратата, станот на Крпач бил заклучен од внатре


Станот во скопската населба Kапиштец во кој беше пронајдено телото на Kоста Kрпач бил заклучен однатре по што полицајците што први пристигнале на местото морале по неколку часа да ја обијат вратата за да влезат, а неговата сопруга била повикана како сведок, а не да ја отвори вратата, дознава ДНЕВНИК од полициски извори.kapishtets-pogrebalna-kola

Инаку Kрпач со прострелна рана во градниот кош бил пронајден во спалната соба, а во близина бил и револверот „смит енд весон“, кој бил негов и го поседувал со дозвола. Првичните индиции водат кон тоа дека станува збор за самоубиство.

Вчера беше соопштено дека во Институтот за судска медицина во Скопје се прават последните анализи од обдукцијата и оти таа не е завршена. Наодот се очекува да биде доставен на разгледување во Основното јавно обвинителство наредната недела. Се чекаат уште резултатите од балистичкото вештачење по што од Обвинителството би требало да одговорат како настапила смртта кај Kрпач. Од Основното јавно обвинителство кусо одговорија дека јавен обвинител веднаш по случување на настанот раководел со увидот на самото место. – Издадени се наредби за вршење обдукција на починатото лице, за балистичко вештачење, за прибирање траги од самото место и други вештачења. Преземањето дејства од Обвинителството е во тек. Со подетални релевантни информации јавноста ќе биде запознаена откако ќе пристигнат и ќе бидат разгледани сите извештаи и информации – изјавија од Обвинителството.

-Kусо и без многу детали за настанот информираа и од МВР, од каде што рекоа дека во средата околу 13.20 часот, во полицијата било пријавено дека се слушнале истрели на улицата Народен фронт во Скопје, односно во близина на станот на Kрпач. – По излегување на местото на настанот е констатирано оштетување на товарно возило „фургон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ДТУ„Огнометика“ од три проектили испукани од правец на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов. По извршените проверки е констатирано дека можен сторител е лицето K.K. (40) од Скопје, кој бил пронајден починат во спалната соба од својот стан – кусо одговорија од МВР., пренесува весникот.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1