Студенти го снимиле чудовиштето Неси (Видео)


Студенти на езерото Лох Фојли во Северна Ирска снимале документарен филм, кога одеднаш, според нивните кажувања, од водата се појавило „големо црно суштество“.

nesi studenti– Снимавме кога тоа мина покрај нас. Беше огромно. Не знам што беше тоа… По се изгледа имаме свое чудовиште од Лох Нес, изјави Конал Меларки, еден од студентите од групата.

Најпознато меѓу езерските чудиовишта во светот е Неси од езерото Лох Нес во Шкотска. Приказната за Неси датира од пред 80 години, кога наводно брачна двојка случајно снимила чудовиште во водите на Лох Нес.

Митот за Неси секоја година привлекува многу туристи на ова шкотско езеро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1