Група студенти од Загреб започнаа хумана акција – собираат здрава храна за луѓето кои се без дом и кои живеат на работ на егзистенцијата.
Покрај контејнерите во главниот хрватски град студентите оставаат кеси со храна со порака:
„Сите сме понекогаш гладни, уморни и беспомошни. Се надевам дека ова малку храна ќе го разубави денот“.