Студенти ставале бубици за да препишуваат – завршуваат на хирургија


Д-р Елена Димеска од Универзитетската клиника за уво, нос и грло информира дека во испитна сесија интервенираат на пет до шест пациенти кај кои се заглавиле минијатурните уреди со кои се служат студентите за време на испитите, пренесува Вечер.

Студентите кои наместо да го загреат столчето и подготвени да заминат на испит на факултет знаат и да размислат за пократок пат до успехот или да го положат предметот кој го полагаат.studenti

Во модерната ера на технологија кога сите користат “паметни телефони” и други уреди, а старите ливчиња за препишување се веќе историја, овие студенти ќе речеш ја пронајдоа формулата без учење да го положат предметот во фамозните “бубици”.

Овие минијатурни уреди студентите ги користат за незабележано да комуницираат со некој пријател на кој му ги читаат прашањата од испитот, а тој пак им ги чита одговорите од книгата.

Сепак, “полесниот пат” го зема и својот данок и така голем број од студентите не ретко завршуваат на клиника каде докторите им ги отстрануваат бубиците, а во одредени случаи и се прави и операција.

Д-р Елена Димеска од Универзитетската клиника за уво, нос и грло вели дека најмногу бубици вадат од студенти кои ги користат за време на испитните сесии.

-Сме имале случаи кога од ушите на пациент сме ваделе и по четири бубици. Доколку минијатурниот уред се наоѓа поблиску до површината на ушната школка, тогаш може да се извади само со локална анестезија и без операција. Ако предметот е подлабоко и не е можно да се интервенира и извади поинаку, тогаш пациентот добива целосна анестезија и предметот се вади со операција, вели докторката Димеска.

Околу 10 студенти годишно ризикуваат да го изгубат или оштетат слухот за да положат испит на факултет, а докторите не ретко се соочувале и со ситуации кога поради оштетување на ушното тапанче, за да го заштитат пациентот, биле приморани да прават реконструкција.

Има и такви случаи кога ушното тапанче е дупнато, објаснува Димеска и вели дека тогаш бубицата влегува во средното уво и нема друг начин да се извади освен со операција.

-Проблем е доколку лицата се обидуваат сами да ја извадат бубицата. Тие не се стручни и можат да го повредат ушното тапанче. Во таква ситуација, немаме друг избор и со цел да го заштитиме здравјето на пациентот, правиме реконструкција, потенцира Димеска.
Докторката информира дека во испитна сесија во просек интервенираат на пет до шест студенти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1