Студентите избраа нов лидер – Кирил Спироски


Кирил Спироски е новиот претседател на Студентскиот парламент на УКИМ.

Како што дознава Дневник според неофицијалните резултати битката била меѓу Кирил Спироски и Трајче Митрев, изборната комисија со официјални резултати ќе излезе утре на прес конференција.

Според информациите од околу 90 отсто обработен материјал, Спироски има убедливо водство со над 4.400 добиени гласа, а зад него се другите двајца кандидати во изборната трка – Трајче Митрев од Стоматолошкиот факултет, кој од досега преброените гласови добил 2.400, и Шевал Нуредин од Економскиот факултет, кој освоил околу 900 гласови.

Според информацијата на СПУКМ, на изборите вчера, од 9 до 17 часот, излегле околу 8.500 студенти од Скопскиот универзитет.

Спироски, е студент на Правниот факултет се залага за студентска автобуска линија која ќе ги поврзува сите студентски домови со факултетите и ќе биде бесплатна, македонска студентска картичка за попусти, како и обезбедување на правна помош за студентите.

,, Главен приоритет, ако победам, ми се студентските домови, нивно реновирање и лобирање за изградба на нови, потоа зголемување на државните квоти и ослободување на што поголем дел од студентите од плаќање на партиципација,, изјавил Спироски за „Дневник“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1