Студентите денеска по втор пат демонстрираат против воведувањето на државниот испит во високото образование. Студентите повторно го кренаа гласот против воведување државен испит на факултетите. Масовно два часа маршираа низ скопските улици.
Студентите тргнаа од пред платото на УКИМ, поминаа пред Парламентот, каде се задржаа само неколку минути и завршија пред Владата. Едиствени беа во пораката да не се носат избрзани реформи, кои можат да нанесат ненадоместливи штети во образованието.
И покрај препукувањата на медиумите дали на протестот имало многу или малку студенти, нема да навлегуваме во тие шпекулации. Студентите до владата доставија писмо во кое на 5 страници ги изнесуват нивните аргументи против воведување државен исопит на факултетите. Највија дејка нивните следни активности ќе зависат од тоа дали владата ќе прифати дебата со студентите во однос на најавените реформи во високото образование.