ЕУ соопшти дека како резултат на програмата Еразмус за размена на студенти досега се родиле околу 1 милион бебиња од почетокот на програмата во 1987 година. Истражувањето од поранешни учесници во програмата Еразмус објавено денеска покажува дека 27 отсто од нив го сретнале нивниот сегашен животен сопатник додека живееле во странство.
Еврокомесарката за проширување Андрула Василиу рече дека овие парови имаат „околу 1 милион Еразмус бебиња“. ЕУ соопшти дека програмата исто така ја зголемила можноста за вработување на учесниците.
Програмата Еразмус ги отфаќа 28-те земји членки на Унијата, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и Турција. Таа им овозможува на студентите дел од образованието да го поминат на универзитети во странство и им помага во финансирањето на престојот додека се во друга држава.
Во програмата учествувале околу 3 милиони студенти, меѓу кои и италијанската министерка за надворешни работи и идна шефица на европската дипломатија Федерика Могерини.