Студентите со просек над 9,5 бесплатно ќе патуваат во Париз, Венеција и Барселона


Студентите кои дипломирале со просек од најмалку 9,5 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, од Владата ќе добијат наградно патување во Париз, Венеција или Барселона, оваа мерка ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во декември минатата година.pariz

-Владата планира мерка која ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните. Таа стимулативна мерка предвидува за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9,5 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, Владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Париз, Венеција или Барселона со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана, најави Груевски.

Ветувањето кое што беше дадено на крајот на минатата година, денеска се реализира. Имено Министерството за образование и наука, денеска објави Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија, рангирани согласно со Законот за високото образование.

Според податоците на Министерството за образование и наука се работи за вкупно 201 студент и тоа 144 студенти од УКИМ, 32 од Универзитетот на југоисточна Европа и 25 од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

-Критериумот е студентите да имаат просек над 9,5 вклучувајќи ги и студентите кои имаат 9,5 просек. Околу 65 илјади евра се обезбедени за овој проект. Периодот за реализација е мај и ноември, а дестинациите се Венеција, Париз и Барселона. Студентите имаат можност една од дестинациите но доколку групата е пополнета тие треба да одлучат кој е втора опција, рече министерот за образование и наука. Доколку студентот се пријави за патување, истото мора да го реализира, во спротивно ќе треба да ги вратат парите, рече министерот за образование и наука Абулаким Адеми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1