Студентски колач (готов за 2 мин)


Кога учејќи во доцните ноќни часови дома нема ништо благо, ги нема ни залихите кои мама ги пратила, а е потребна енергија за учење, веднаш се бара рецепт на интернет и се спрема нешто благо.

DSC_0675aa-6042c8-800x713Состојки
  • 5 лажици брашно
  • 1 ½ лажица какао
  • 5 лажици млеко
  • 3 лажици масло
  • ¼ лажиче пециво
  • 2 реда црно чоколадо за готвење
  • 2 и пол лажици шеќер во прав

1. Сите состојки освен чоколадото за готвење ги мешаме во еден сад.
2. Чоколадото го ситно го сецкаме.
3. Во 2 филџанина дното ставаме по малку од смесата. Врз него ставаме сецкано чоколадо. Па пак смеса, чоколадо. Уште малку од смесата која останала и на крај врз цела површина ставаме чоколадо.
4. Филџаните ги ставаме во микробранова на најака температура ( ние на 90 степени ) 2 минути.
Доколку имате може да се стават и сецкани лешници, така што кога ќе ставате чоколадо ќе ставите и лешници.
Од оваа смеса излегуваат 2 филџани.

moirecepti.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1