Субрата комшија на Злокуќанци – изнајмил куќа во оваа населба


Контроверзниот индиски бизнисмен кој вчера допатува во Македонија најверојатно планира да се одомаќини во Скопје.

Subrata-Roy_PTI

Информацијата на Либертас дека вчера шетал во елитната скопска населба Злокуќани од пи-ар службата на неговата компанија Сахара Македонија Груп ја дообјаснуваат дека „милијардерот“ не шетал, туку дека во оваа населба има изнајмено куќа, јавува Либертас.

Неговите двајца синови со одлука на владата добија македонско државјанство и последнава година многу често се во Скопје по популарните кафетерии на улица Македонија.

Субрата деновиве во Македонија е поради концертот кој  во среда ќе се одржи во Скопје  – мировниот Сахара балкански фестивал, е негова лична идеја, под покровителство на македонската влада. На фестивалот вечерта во новиот театар ќе се обрати Субрата Рој, а како што најавија од организацијата, ќе имало и штафета на мирот која ќе имале чест да ја носат македонски јавни личности, а се најавува дека негов гостин ќе е и Тони Блер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1