Субрата Рој излегува од затвор – по што и сметките ќе му бидат одмрзнати


Индискиот бизнисмен Субрата Рој ќе се брани од слобода, ваква одлука донесе Врховниот суд на Индија откако Рој на рати ќе ја исплати кауцијата. По неговото ослободување ќе бидат одмрзнати и сметките на неговите компании.

01subrataroy-newbig-494x272Во рок од три дена по исплатата на првата рата од 415 милиони долари Субрата Рој ќе биде пуштен од затворот Тихар и ќе може да се брани од слобода. Преостаната сума од вкупно 1,7 милијарди долари треба да се уплатат, според судската одлука, најдоцна за два месеца.

Покрај предлогот за начинот на исплаќање на кауцијата, групацијата „Сахара“ доставила и листа на имоти на Субрата Рој коишто можат да се продадат за да се обезбедат потребните пари.

Индискиот тајкун Субрата Рој беше уапсен на 28. февруари. Две фирми од компанијата „Сахара груп“ на Рој се обвинети дека стекнале 240 милијарди рупии (3,9 милијарди долари) преку нелегални хартии од вредност. Пазарните регулатори тврдат дека Рој не рефундирал милиони долари на инвеститорите, наспроти судските одлуки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1