Луксузниот дворец во готски стил Окли Корт во која се снимаше култниот хорор филм „Дракула“ доби нов сопственик.
Индискиот милјардер односно неговата компанија стана сопственик на оваа куќа за 27 милиони фунти, јавува Сител.
Во интервју за „Times of India“ бизнисменот Рој појаснува дека замокот поседува 120 соби, вклучувајќи 11 луксузни апартмани, како и дополнителни објекти за состаноци и конференции и ќе служи како седиште на компанијата во Велика Британија.
– Нема да го претвориме во хотел, меѓутоа ќе го употребиме како седиште на нашата компанија во Британија. Имотот се протега на 40 хектари земја и претставува една од најлегендарните готски градби во Обединетото Кралство – вели Рој.
Сахара Груп веќе има имот во Велика Британија. Во нејзина сопственост е хотелот „Grosvenor House“ кој вреди 470 милиони фунти.
Во Индија меѓутоа сè уште трае спорот меѓу компанијата на Субрата Рој и регулаторното тело СЕБИ за измамата на инвеститорите.