Триесет и едно годишниот Николас Круз и 26-годишната Кристина Муноз минатата пролет се заколнале на вечна љубов, се додека смртта не ги раздели. Токму тоа и се случило.
Тие двајца се судриле со своите автомобили и починале на лице место.
Автомобилите на мажот и жената се судриле директно и двајцата сопружници починале на лице место.
Полицијата утврдила дека и двајцата не носеле сигурносен појас, а до несреќата најверојатно дошло поради несоодветната брзина на возењето.
Во прашање е многу краток и нерамен пат, на кој не се исцртани лентите.
Ќе остане нејасно дали сопругата во последните моменти на животот зад воланот на другиот автомобил го препознала својот сопруг.