Тоа се случило во 2009-та година. Асија, мајка на пет дечиња, само сакала да се напие вода, но локалните жени од муслиманска вероисповест и’ забраниле да му се доближи на изворот.
Изјавиле дека христијаните “ја валкаат” водата. Настапила кавга, а неколку часа по тоа ја пријавиле Асија и изјавиле дека за време на кавгата таа го навредувала пророкот Мухамед.
Наскоро пред куќата на несреќната жена се појавила бесна толпа. Ја претепале и неа и членовите на нејзиното семејство. Подоцна била уапсена поради богохулие, а потоа и осудена на смрт. Целото семејство морало да се сокрие поради заканите.
Иако над илјадници луѓе ја потпишале петицијата молејќи да ја поштедат, оваа недела судството во Пакистан одлучило да ја погуби. Но станува и полошо.
Двајцата политичари кои се обиделе да и’ помогнат исто така се убиени. Едниот од нив го усмртил сопствениот телохранител. Убијците на судењето се послужиле со најразлични интриги и лажги, а судијата кој ги осудил морал да побегне од земјата.
Адвокатите кои се согласуваат да ги бранат луѓето кои се обвинети за богохулие се толку ретки што несреќниците најчесто гнијат во затвор со години.
“Јас, Асија Биби сум осудена на смрт бидејќи бев жедна. Јас сум во затвор бидејќи употребив чаша која ја употребуваат муслиманките. Бидејќи глупите жени кои со мене заедно работат додека береме овошје сметаа дека ако од водата се напие христијанка таа ќе биде “нечиста””, напишала Асија во својата книга “Богохулие”, во која опишува како и’ изгледа животот додека ја чека смртта.
Доколку пресудата се изврши, Асија ќе биде првата жена погубена поради богохулие во Пакистан, а нејзините пет дечиња ќе останат без мајка
Tocka.com.mk