Судењето за случајот „Дива населба“ продолжува денеска со доказна постапка во голема сала на Врховниот суд. Откако заврши распитот на заштитените сведоци, судењето е отворено за јавноста.
Случајот „Дива населба“ се однесува на осомничените во судирот меѓу полицијата и вооружената група од кумановската населба со исто име, кој се случи во мај минатата година. Подоцна случајот се спои со „Молња“ во кој беа уапсени осуммина логистичари неколку месеци по судирот.
Сите обвинети на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.