Судењето за Монструм ќе почне од почеток? – денес ќе се знае


Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро ќе почне од почеток, кога првообвинетите за убиството кај Смилковското езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани во Македонија од Косово, велат од Кривичниот суд.

денес 11 часот, за кога е закажано следното рочиште за ова судење, се очекува судијата Ивица Стефановски да каже како ќе се одвива судскиот процес.

monstrum sudenje

Судскиот процес за петкратното убиство почна на 20-ти декември 2012 година, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На двајцата бегалци им се судеше во отсуство.

Според обвинението, директни извршители на петкратното убиство се Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, кој веќе седна на обвинителна клупа, но негираше дека ги убил четирите момчиња и рибарот.

Демири со пиштол, а браќата Исмаиловиќ со автоматски пушки, според обвинението, ги наредиле момчињата еден до друг и ги застрелале повеќето од зад грб, додека рибарот Борче Стефковски го застрелале покрај неговиот автомобил.

Демири и Африм Исмаиловиќ се претпоставува дека од местото на злосторството избегале со црвен „опел омега“. Непознато лице го управувало опелот и ги однел двајцата обвинети на обиколницата кај Качанички пат каде ги чекал обвинетиот Хаки Азири кој ги однеле во неговиот дом. Но од таму и двајца избегале, а другиот ден автомобилот опел омега беше најден кај местото Вражји вир кај селото Блаце.

Во автомобилот беа пронајдени отпечатоци од обвинетите, односно траги од пот кои се совпаднаа со ДНК на првообвинетиот Алил Демири.

На 12 април минатата година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Се уште не се знае зошто момчињата и рибарот беа свирепо убиени. Во обвинителниот акт единствено стои дека убијците имале цел да предизвикаат создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Македонија.

Бриф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1