Судија ја казнил со забрана за поседување и користење мобилен


Експертите предупредуваат на голема опасност од употребата на мобилни телефони за време на возење, се уште голем број на луѓе телефонираат додека возат, испраќаат пораки и сурфаат на интернет…

Кога го користите телефонот на пат, се намалува концентрацијата за време на возењето и со невнимание ја следите состојбата на патот.iphone5-handson_67427a

Така 23-годишната Мици Нелсон во септември минатата година го користела паметниот телефон за време на возењето, затоа што не ја забележала велосипедистката пред неа, која си возела на десната страна од патот и ја удрила.

-Мислам дека не заслужува мобилен телефон. Тоа е привилегија за неа, рекол судијата Стјуарт Мекдоналдс во судскиот процес, при што изрекол две-годишна казна со забрана за поседување и употреба на мобилен телефон.

Освен тоа, Нелсон била осудена на 90 дена во затвор, две години условен затвор, а ќе мора да одработи 150 часа општокорисна работа и да плати над 17.000 $ за правни трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1