Судија казнил пијан возач да ги гледа мртвите тела на жртвите кои ги убил


Судијата Цицонети од североисточен Охајо, познат по своите невообичаени пресуди, овој пат му пресудил на пијан возач, доколку сака да ја избегне затворската казна, мора да се соочи со труповите на мртвите лица, кои настрадале поради неговата небрежност.

ht_mike_cicconetti_jp_120109_wg
Поради тоа што на 27 годишниот Џонатан Тарасе, ова му бил прва сообраќајна незгода, судијата му ги суспендирал 60 од неговите 65 дена притвор, по што наместо да седи зад решетки, Тарасе морал да се соочи со теката на жртвите.

Ова не е прва необична пресуда на судијата Цицонети кој е општински судија во Пенсилванија уште од периодот од 1994 година. Досега донел неколку атипатични, а понекогаш и контроверзни пресуди кои што, како што тој вели се вклопувале во злосторствата.

Во 2009 година за навреда на проститутка, го казнил обвинетиот со тоа што го натерал во јавноста да носи костум од кокошка.

Во 2005 година го приморал 26 годишниот Мишел Мареј да мине една ноќ надвор на студеното време, поради тоа што напуштил 33 мачиња среде зима, од кои девет починале.

„Има луѓе кои што не им се допаѓаат моите пресуди, кои мислат дека ова го правам за публицитет Сепак пресудите исправноста на моите пресуди не коренспондираат со моето чувство за правда. Јас не ги донесува одлуките затоа што мислам дека се исправни во тој момент, туку го пресудавам она што мислам дека е исправно“, вели Цицонети.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1