Измислено шише кое само се полни собирајќи вода од воздухот


Пустината Намиб добива помалку од една половина инч врнежи на годишно ниво, а сепак и покрај тешките и неподносливи услови животинчињата во истата успеваат да преживеат.


nanotechnology-water-bottleТајната на овие животинчиња лежи во тоа што за време на влажните денови акумулираат вода во своите опклопи (школки) кои подоцна ја користат.

Компанијата NBD нано сега се надева дека ќе можат да го воведат истиот начин на апсорбирање на водата кај овие животинчиња, со тоа што ќе го создадат првото светско автополначко шише со вода.

Основачот на NBD Nano Декард Соренсон вели дека доколку успеат во замисленото, во голема мера би се решил проблемот со недостаток на свежа вода во светот. Од друга страна со оваа технологија може жетвата да се сведе на само три литри на метар квадратен, во област со 75% влажност.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1