Судијата Осман Шабани ќе го води првото обвинение за случајот „Талир“ на СЈО за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015-та.. Од основниот суд Скопје 1 велат дека изборот на судија е направен преку АКМИС системот..
-Откако предметот ќе биде насрочен за судење, терминот за почеток на судскиот процес ќе биде објавен на веб страницата на судот, велат од Кривичен..
Во „Талир“ се обвинети шестмина.. Екс премиерот Никола Груевски и неговите соработници Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Леко Ристовски.. Обвинета беше и Елизабета Чингаровска но нејзе нема да и се суди отакако призна вина па во спогодба со СЈО доби условна казна..
Според обвинението, шестемина го прекршиле законот за финансирање на политички партии и спречување корупција и во период од неколку години со притисоци врз компании кои имале договори со државни институции барале пари за финансирање на партијата.. Средствата наместо да се уплатат во државниот буџет, завршувале на сметка на партијата.. На овој начин обвинетите прибавиле незаконски средства за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ во износ од над 4 милиони евра..
Со „Талир“ е поведена постапка и за изградбата на новиот објект на партијата.. Од Кривичен велат дека овој обвинителен акт се уште не е оценет и нема донесено решение..
Инаку Судијата Шабани, моментално води уште три судски процеси на специјалното обвинителство – Титаник, Монструм и Топлик..