На автобуската станица на Зелен венец во Белград, утрово се случи судир помеѓу два автобуси, а во несреќата има 18 повредени.
Портпаролот на брзата помош Нада Мацура изјавила дека примиле повик во седум и триесет часот и дека екипата се уште е на терен и дека има неофицијална информација за повредени.
До несреќата дошло кога два автобуси се судриле на автобуската на линијата 72 – изјавила Мацура. Според неофицијални информации возачот бил заробен во еден од автобусите и бил во шок и под стрес.