Судот до новинарите: Не плашете се од затвор, туку едуцирајте се!


Новинарот Томислав Кежаровски го злоупотребил новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес, наместо казната затвор од 4,5 години што му ја изрече судот да ги плаши новинарите, тие треба да се загрижат за нивото на едуцираност на поединци од новинарската фела за законските прописи, како и за сериозноста на некои факти кои ги изнесуваат.

kezarovskiВаков совет упати Основниот суд Скопје 1 (ОСС1) до седмата сила како реакција на вчерашните критики упатени кон кривичниот суд од страна на еснафските здруженија, ЗНМ, МАН, новинарскиот синдикат, како и ОБСЕ и специјалниот претставник за слобода на медиумско изразување Дуња Мијатовиќ, а во врска со изречената затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски, еден од осуммината обвинети во случајот „Ликвидација“.

„Во оваа смисла ги прашуваме новинарите и сите оние што упатија остри реакции на пресудата на судот, дали јавниот интерес за откривање на заштитениот сведок и со тоа рушење на судска постапка претставува поголем јавен интерес од јавниот интерес за откривање на еден криминален акт на кривично дело убиство, кое е мерилото на совеста и етика на фелата за дадените остри реакции кон судот со кое ваквата слобода на говорот е ставена во функција на јавниот интерес и кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка“, пишува во реакцијата на ОСС1.

„Тој неспорно е правник по струка и во своите текстови во списанието „Репортер“ кога го објавил идентитетот на заштитениот сведок, детално го обработувал Законот за заштита на сведоци и по содржина и по суштина злоупотребувајќи ја притоа дејноста новинар за да се прикаже сега во јавноста дека истиот го штител јавниот интерес наспроти постапка за кривично дело убиство која се водела пред судските органи во тој момент. За судот конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава“, пишува во реакцијата на ОСС1.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1