Судот го прифати предлогот на Фетаи, Јанкуловска има забрана за напуштање на живеалиштето


Судот донесе пресуда со која Јанкулоска е осудена на шест години затвор.

Судечкиот совет го прифати предлогот на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и и изрече мерка на претпазливост на екс министерката, Гордана Јанкуловска, односно забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето.

Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијаката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка.

Одлуката на судот беше соопштена во отсуство на Јанкуловска и нејзините адвокати.

Таа од утрово се наоѓа во Кривичниот суд во Скопје, но во старата зграда каде се одржува рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во кој таа е меѓу обвинетите. На изрекувањето на пресудата присутен е еден од нејзините адвокати, Боро Тасевски, како и обвинителите Фатиме Фетаи и Стевчо Донев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1