Вучиќ по средбата со Столтенберг: Малку ми олесна…


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се договорил со шефот на НАТО Јенс Столтенберг во случај на кризна ситуација на Косово да можат брзо да стапат во контакт.

Тој кажа дека таа процедура ќе биде воспоставена за да може да се спречат конфликти и други потешки последици.

Вучиќ истакна дека го замолил Столтенберг да не се намалува мисијата на КФОР на Косово, бидејќи тоа е единствената заштита за српскиот народ.

„Имав долг разговор со Столтенберг и разговаравме за сите видови соработка меѓу Србија и НАТО. Таа соработка е добра и имаме доста заеднички активности. Особено внимание му посветивме на прашањето на Косово и Метохија и на улогата на КФОР и повеќе пати го замолив да не ја намалува својата мисија на Косово“, кажа Вучиќ истакнувајќи дека КФОР има ефективна улога во заштитата на Србите.

Вучиќ истакна дека се договориле во секој момент кога има кризна ситуација да можат да стапат во контакт за да се избегнат потешки последици и му се заблагодарил што го прифатил тоа.

„Доколку имаме потреба во најкус рок, од неколку минути, ќе стапиме во контакт и ќе можеме да го решаваме тоа веднаш и да помогнеме, за да можеме да објасниме што се случува на терен и да помогнеме во заштитата на населението. Малку ми олесна, бидејќи ќе можеме да кажеме што точно се случува таму“, истакна Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1