Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2 со која се на телевизија Телма и се наложува да ја врати Емилија Лазаревска на нејзината поранешна фукција – одговорен уредник на информативна програма.
Телевизија Телма ја смени Лазаревска од позицијата и на нејзино место го постави сегашниот директор и уредник, Атанас Кировски, а таа беше распоредена да работи како репортер во утринска програма.
Правното образложение на Судот зошто Лазаревска треба да биде вратена на местото уредник е дека таа била добар новинар. Како доказ за тоа го земале сведочењето на пензионираниот новинар Ристо Лазаров.
Телевизија Телма е шокирана од последната одлука на апелацискиот суд во Скопје со кој се врши директна интервенција во уредувачката политика на на ТВ Телма и се загрозува правото на сопствена уредувачка политика, што е во директна спортивност на законот за медиуми и македонскиот Устав.
Интегрален текст
Имено, апелацискиот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопе 2, со кој на Телма и е наложено вработената Емилија Лазаревска да ја прераспореди на позиција одговорен уредник на информативна програма, без никаква законска основа, туку со „правно“ образложение дека таа била добар новинар.
Оваа скандалозна одлука на судовите, кои наместо да судат според законите си дозволуваат да донесуваат апсурдни пресуди врз основа на субјективно убедување на судиите кој бил добар а кој бил лош, кој бил убав, а кој бил грд, претставува незаконско директно мешање во уредувачката политика на ТВ Телма која според оваа одлука на судовите, нема право да си избере одговорен уредник на информативната програма кој ќе ги реализира програмските цели на телевизијата и инвеститорите на телевизијата, туку е должна да ја спроведува политика на судот, и да се повинува на кадровски решенија на судот.
Со други зборови, македонските судови решаваат кој е одговорен уредник на информативна, што ќе биде прва вест, која вест да се објави, а која не, што е невиден тип на цензура, и настан без преседан во светски рамки.
Ако судот инсистира на спроведување на оваа одлука, тоа ќе претставува пракса, нити еден одговорен уредник да не може да биде сменет од таа позиција доколку како сведок обезбеди еден пензиониран новинар кој ќе посведочи дека сменетиот одговорен уредник бил добар новинар, како што судот постапи во овој случај врз основа на беспредметното сведочење на Ристо Лазаров.
Судот освен што во одлуката не го почитува законот за медиуми според кој секој издавач на медиуми може да има одговорен уредник кој го именува и разрешува издавачот на медиуми –а не судот, го гази и Уставот на Македонија кој ја гарантира слободата на медиумите.
За ваквите скандалозни одлуки на судот Телевизија Телма ги извести претставниците на меѓународната заедница, релевенатните македонски институции и повисоките судски инстанци.
Телевизија Телма предупредува дека нема да толерира ваков тип на апсурдни притисоци, независно дали доаѓаат од судски или политички центри на моќ.