Судот ќе ја продолжи постапката и без одговор од Собранието


Вељаноски е осомничен во истрагата за организаторите на настаните од 27 април 2017. Обвинителката Вилма Рускоска вели дека во моментов не може да се каже дали оваа ситуација може да биде на штета на истрагата.

-И без одлука на Собранието за одземање на имунитетот, постапката против Трајко Вељаноски ќе продожи. Обвинителството бара притвор за него поради опасноста од бегство и влијание врз сведоци. А дали со неодлучувањето, законодавниот дом ќе ја попречи постапката тоа засега не може да се утврди Вилма Рускоска – Обвинител.

Имунитетот на Вељаноски се спаси откако по синоќешната турбулентна седница беше пробиден рокот за гласање. Дел од аналитичарите се на став дека како што велат намерното неодлучување на Собранието е на штета на владеењето на правото. Аналитичарот Мерсел Биљали се сомнева дека приватните релации меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ со ова полека излегуваат на виделина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1