Судот одлучи: Кеша ќе мора да снима уште 6 албуми со човекот кој ја силувал


Поп пејачката Кеша ќе мора да го продолжи договорот со Сони и ќе треба да сними уште 6 албуми со компанијата. Сега не може да го раскине договорот бидејќи преголема ќе била штетата, утврди Судот во Њујорк.

Оваа одлука е донесена и покрај фактот што Кеша барала итно да го раскине договорот бидејќи ќе мора да работи со човекот кој пред неколку години ја силувал, односно со Доктор Лук.KESA
Судијата и рекол на пејачката дека Сони ќе претрпи огромна штета ако таа не го почитува договорот, бидејќи мора да сними уште 6 албуми со нив. Покрај тоа, судијата ја посоветувал да работи со друг продуцент. Но, Кеша тврдела дека не и дозволуваат да работи со друг продуцент.64489375

28 годишната пејачка лани поднесе тужба против нејзиниот продуцент со обвинување дека тој ја издрогирал и силувал за нејзиниот 18 роденден.

Продуцентот, наспроти овие тврдења не само што демантирал туку ги тужел Кеша и нејзината мајка и рекол дека сака да се извлече од договорот со Сони, па затоа измислува скандали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1