Судот потврди Реџепи останува поглавар на ИВЗ


Сулејман Реџепи ќе биде запишан како поглавар на ИВЗ во Регистарот за верски заедници, потврди скопска единица.

Ваквата одлука следува откако апелација постапката ја врати на почеток, па овојпат, барањето на Скендер Бузаку за промена во регистарот е одбиено. Откако првостепениот суд повторно ги разгледал поднесените документи, утврдил дека Бузаку барал да биде запишан како поглавар на ИВЗ на 39-годишна возраст, иако за да ја врши оваа верска функција е неопходно да наполни 40, па така Реџепи останува на чело на институцијата.

Неизвесно е дали и покрај судските одлуки превирањата за превласт во ИВЗ ќе запрат. Неодамна Бузаку поднесе материјали до обвинителството, со кои тврди дека Реџепи сторил криминал од 700 илјади евра, а од ИВЗ најавија тужба за клевета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1