Судот во Белград наложи повлекување на потерницата за Кариќ


Специјалниот суд во Белград го укина решението за притвор и наложи повлекување на потерницата, која пред години е распишана по Богољуб Кариќ, откако Обвинителството за организирал криминал ја прекина истрагата, која се водеше против него.bogoljub-karic-nova-tv-foto-dado-dilas-1458599513-869157-724x400

Откако Обвинителството вчера донесе наредба, со која се прекинува истрагата против Кариќ поради кривично дело злоупотреба на позицијата на одговорно лице, судијата за претходната постапка го укина решението за притвор на Кариќ и нареди повлекување на потерницата, соопштено е од Судот.

Судот додаде дека со прекинот на истрагата престанаа да постојат причини, со кои би се оправдувало задржувањето на обвинетиот во притвор.

Обвинителството за организирал криминал вчера ја прекина истрагата против Кариќ, која се водеше во врска со основањето на Мобтел и давањето на кредити на кипарски претпријатија без гаранција на Астра банка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1