Сѐ уште не се знае причината за смртта на бебето од Струмица, кое по раѓањето дома било фрлено во јама, а Судска медицина ќе испитува дали било фрлено живо или починато.
– Уште траат анализите кои ќе ја утврдат причината за смртта на бебето. Но секако, обдукцијата ќе може да утврди дали тоа било живо родено, има ли повреди, како и колку живеело по раѓањето, доколку било живо родено, изјави директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Плусинфо.
Мајката на ова бебе е 18-годишна девојка од Струмица.