Султанот Мехмед V во посета на Македонија (Видео/Фото)


Македонската турнеја на султанот ја искористиле првите македонски и балкански камермани Милтон и Јанаки Манаки и по добиената специјална дозвола да го придружуваат султанот, тие успеале да снимат и целосно реализираат два филма.

sultan mk2

Филмовите насловени „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун“ и „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола“ се снимени во црно бела техника, без звук, на 35 милиметарски филм и претставуваат редок видео материјал за случувањата на Балканот од тој период.

Наспроти практиката на својот претходник султанот Абдул Хамид II, кој што за време на своето долго владеење со Отоманската империја поради страв од атентат ретко ја напуштал палатата Јилдиз, султанот Мехмед V, уште во првите години по качувањето на тронот, превзел повеќе патувања низ империјата.

Од сите нив најпознато е она во Македонија од 1911 година.

sultan mk3Eкспедицијата во Македонија, првично одредена за во април 1911 година, била долго и грижливо планирана до најмалите детали. На 5 јуни 1911 година со воениот брод Хајредин Барбарос, султанот ја напуштил престолнината и се упатил кон европскиот дел на Отоманската империја.

На ова поморско патување, Мехмед V бил придружуван од крузерот Тургут Реис и штотуку купениот парен брод Ѓул Џемал (пре)именуван по неговата мајка.

За разлика од султанот Мехмед II чиишто воени походи му го прикачиле епитетот освојувач, како и од другите отомански владетели, Мехмед V бил повлечен и срамежлив. Но веднаш штом започнало патувањето кон Македонија, уште на самиот брод, султанот веќе не бил оној истиот од Истанбул. Наспроти очекувањата на неговите блиски соработници тој станал многу поотворен и релаксиран, па дури и одржал јавни говори.

solun brod sultanmarka4

sultan mk4На 8 јуни 1911 година, во утринските часови, бродот Хајредин Барбарос допатувал на пристаништето во Солун, каде што бил дочекан со свечени топовски истрели, по што отоманскиот султан Мехмед V стапнал на секогаш бурната, поробена македонска земја.

Иако Македонија, во рамките на Отоманската империја, во тоа време била поделена на одделни санџаци, па дури и самото споменување на нејзиното име во претходниот период било забранувано за да се спречи било какво поврзување со некогаш моќното македонско кралство, оваа посета на триесет и петиот отомански султан, во историјата ќе остане неразделливо поврзана со името Македонија.

Посетата на султанот била проследена со бројни свечености, а истата ја организирале младотурците, движење кое што својата револуција, само неколку години претходно, ја започнало токму во Македонија, во градот Ресен.

sultan mk

Преку посетата на Македонија се целело пред очите на Европа и на светот, султанот, кој што повеќе бил марионетска фигура да се прикаже како „татко на нацијата“ почитуван од сите поданици во Отоманската империја. Младотурците, организирани во партијата на власт Комитет „Обединување и напредок“, сакале преку ликот на султанот, чија што функција повеќе била симболичка одошто со реални овластувања, да го покажат наводното единство на етнички нехомогената и немирна империја, а со тоа да ја покажат и силата на нивниот режим.

Во Солун Мехмед V бил дочекан од претставници на локалната власт и парламентарци од Македонија и остатокот од империјата. Овој настан е особено интересен затоа што го отсликува безкомпромисниот и нескршлив дух на еден голем Македонец од тој период.

Во листата на поканети, како пратеник во отоманскиот парламент, се нашол и македонскиот револуционер и интелектуалец Димитар Влахов.

gggg

На поканата за присуство на свечениот пречек на султанот, која што била подмитена со злато, според неговиот син Густав Влахов, од сите пратеници во парламентот на Отоманската империја единствено само Димитар Влахов одговорил негативно и не пошол, со што не дал легитимитет на пропагандните амбиции на младотурците и останал доследен на своите принципи и идеали за слободна Македонија.

„Младотурците пред сè од надворешно — политички причини, односно настојувајќи да ја покажат внатрешната стабилност на Империјата, организираа патување на султанот Мухамед Решад по Македонија и Косово со цел да му се поклони на гробот на султанот Мурат, убиен на Косово во 1389 година. Поради тоа беа повикани сите пратеници да се концентрираат во своите изборни центри, за да можат со своето присуство да ги покажат единството и стабилноста на режимот.

За секој пратеник, се разбира, беше подготвен подарок — тежок златен џебен часовник што го врачуваше самиот султан. Меѓутоа, Димитар Влахов не се согласи да дојде во Солун и тој беше единствен од пратениците кој одби да учествува во оваа церемонија. Оваа негова демонстрација им беше многу непријатна на младотурците“, пишува во својата книга „Спомени за татко ми“, синот на Димитар Влахов.

Во Солун, Мехмед V го посетил неговиот претходник, последниот султан кој владеел апсолутистички, познат по ерменскиот геноцид и по „спроведените“ реформи во Македонија, неговиот брат Абдул Хамид II, кој што по абдицирањето во април 1911 година бил ставен под строг куќен притвор.

На 11 јуни, султанот Мехмед V го напуштил Солун и со воз се упатил кон внатрешноста на Македонија. На патот кон Скопје, тој поминал и низ Гевгелија и Велес, каде што возот накратко застанал.

sultan mk6Кога безбедно пристигнал во Скопје, го дочекала кочија влечена од четири коњи, специјално донесена од Истанбул. Од султанот амнестија добиле сите затвореници во скопскиот затвор со исклучок на осудените убијци.

Во Скопје Мехмед V останал до 15 јуни, а по повод неговата посета, истата година излегла серијата на марки со натпечатка „Ускуб“ (Uskub) турскиот назив на сега главниот град на Република Македонија.

Како би се избегнале евентуални инциденти кои што штетно би се одразиле на ваквиот вид на пропаганда со посетата на Мехмед V, отоманската војска имала наредба на лице место да стрела по секој оној кој што ќе се доближел до железничкиот пат од каде што требало да помине султанот.

hhhhhh

На враќање од Приштина, Мехмед V повторно поминал низ Скопје, а во Солун го сменил возот и се упатил кон Битола, градот во кој што во средното воено училиште, со своето образование се стекнал идниот лидер на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

marki3

Во Битола султанот ја посетил Исак џамија и подарил позлатена левха (плоча, панел) во форма на диск која што до ден денес се чува во оваа битолска џамија и која што со своето постоење и понатаму останува да сведочи за неговата посета.

Но и битолските кујунџии не му останале должни. Тие на отоманскиот султан му подариле рачно изработена позлатена масичка со златна мастилница.

За време на својот престој во градот, султанот амнестирал вкупно 104 осуденици од битолскиот затвор.

Исто како и во случаите со Солун, Скопје и Приштина, натпечатени марки со името на градот биле издадени и по повод посетата на султанот на Битола (Monastir).

Специјално по повод посетата на султанот Мехмед V на Битола, биле исковани и две сребрени монети, со вредност од 2 и 5 куруш.

Од Битола, султанот повторно се вратил во Солун, а набргу потоа, завршувајки ја посетата на Македонија, се упатил кон Истанбул каде што бил дочекан со овации.

sultan mk7

sultan mk5

manakiМакедонската турнеја на султанот ја искористиле првите македонски и балкански камермани Милтон и Јанаки Манаки и по добиената специјална дозвола да го придружуваат султанот, тие успеале да снимат и целосно реализираат два филма.

Филмовите насловени „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун“ и „Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола“ се снимени во црно бела техника, без звук, на 35 милиметарски филм и претставуваат редок видео материјал за случувањата на Балканот од тој период.

Александар Стеванов

Александар Стеванов

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1