Змија со жолти риги во скопски Аеродром – отровница или не, не се знае (Фото)


Змија со жолти риги долга повеќе од 2 метра деновиве ги исплашила жителите на скопската населба Стар Аеродром, каде што била забележана влечугата. Летово имало неколку повици дека биле забележани змии и во други скопски населби и села, Kисела Вода, Тафталиџе, Соње, пишува Дневник

zmija– Се шокирав кога шетајќи се со колешката по булеварот Јане Сандански кај „Тобако 1“, околу 21.30 часот здогледавме змија во ќош од една зграда, на само неколку метри од патеката каде што постојано поминуваат луѓе, често и деца и бебиња во количка, за кои таа е можна опасност. Змијата беше долга најмалку два метра, со жолти риги, а ние веднаш се оддалечивме. Не знаевме дали да пријавиме во полиција или во Зоолошка градина – вели Д.М., 50-годишна жителка на Стар Аеродром.

Биолозите од Зоолошката градина во Скопје велат дека летово имало неколку повици од граѓани кои тврделе дека забележале змии и во Kисела Вода, Тафталиџе, Соње…

Во Македонија има 16 вида змии, од кои три се отровни: поскок, шарка и остроглава шарка. Останатите 13 вида се смокови, водни змии и змии што не се отровни. Отровните змии не ги населуваат урбаните средини, особено поголемите градови. Единствено е можно змијата не сакајќи да се спушти од планина во град.

Не доближувајте ~ се и не допирајте ја змијата, таа ретко каснува човек! Обично змијата не напаѓа човек, освен ако не мора да се брани, најчесто кога некој случајно ќе ја згазне! Змиите бегаат од луѓе, тие сакаат тишина, а не бучава. Тие чувствуваат вибрации и од луѓето и бегаат. Змиите немаат постојана температура на телото, а нивната телесна температура зависи од надворешната температура – воздухот – велат експертите

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1