Супер бабичка: На 71-година работи како вулканизер! (ФОТО)


Седумдесет и едно годишната Василе Акин пред точно 35 години почнала да работи како вулканизер, а со својот неверојатен труд и желба за работа и во осмата деценија од својот живот продолжува да ги руши стереотипите за машко -женските работи.vasile500

Акин изјавила дека нејзината вулканизерска работилница ја отворил нејзиниот син пред да замине на отслужување на воениот рок. Кога заминал во војска се одлучила да работи во работилницата за да преживее се додека не се врати нејзиниот син од војска.

Во вулканизерската работилница Весиле извршува многу работи, но нејзината специјалност е промената на гумите на автомобилите.

-Жените треба да бидат доктори, треба да бидат судии, треба да бидат обвинители, јас реков ете една нека работи и во вулканизер, низ смеа рекла Василе.2vasile500

Весиле додала дека сите треба да се борат против насилството врз жените. Нејзиниот син Али Акин е навистина горд на својата мајка.

-Таа ја отвора работилницата наутро и работата која ја извршува е пример за сите нас, рекол нејзиниот син.

Бабата Акин претходно се занимавала со ткаење на килими.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1