Сведочења за трагедијата: Со Фросина поминувавме на зелено кога ја покоси „хондата“


На вчерашното рочиште обвинетиот, Љубиша Видојковиќ, пред судот изјави дека не се чувствува виновен за кривичните дела за кои е обвинет: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

– Не се чувствувам виновен, бидејќи јас сум убеден дека јас поминав на зелено светло на семафорот – кажа во својот исказ обвинетиот Видојковиќ.

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

Сопственикот на возилото „хонда прелуд“ и другар на обвинетиот, Сашо Баланчевски, од Скопје кажа дека пред да се случи сообраќајната несреќа, биле во кафана и пиеле алкохол. Баланчевски кажа дека пиел пиво, а Љубиша пиел ракија, но не можеше да се сети колку алкохол испиле, а, според него, не испиле многу.

мајката на загинатата студентка, со слика во рацете од својата ќерка, револтирана, стана со плачење и побара случајот да се реши побрзо.

Во моментот кога со Фросина го поминувавме пешачкиот премин и кога стасавме до половина од зебрата двете истовремено забележавме автомобил како со голема брзина се наближува кон нас. Се исплашивме и јас направив два чекори наназад, а Фросина се затрча напред во обид да го помине булеварот. Но автомобилот ја стаса. Од ударот летна во воздух. Не забележав дека возачот и по ударот сакаше да прикочи, туку продолжи да вози, кажа Драгана Стојановска, студентка од Kуманово

– Видовме дека е зелено светло за пешаци и оти има луѓе кои поминуваа и ние се приклучивме на колоната и бевме меѓу последните. На крајната десна лента имаше возило, кое беше застанато пред пешачкиот и ги пропушташе пешаците – сведочеше Драгана.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1