Сведок пропеа – ќе сведочи дека Љубе Бошковски дал амин за убиство на Тушевски


Еден од приведените за случајот ,,Ровер,, а во врска со убиството на Мaријан Тушевски, по два месеци во притвор се сетил на нови детали и сега ќе сведочи против Љубе Бошковски, ова сведочење може да го остави Бошкоски во затвор уште долги години, пишува Фокус.

Сведокот кој е поранешен телохранител на Љубе Бошкоски потврдил дека заштитениот сведок доаѓал во домот на Бошкоски каде што тогашниот шеф на МВР дал зелено светло за убиството на Марјан Тушевски и Кирил Јанев. Ова обвинителството најверојатно ќе го користи како потврда на исказот на заштитениот сведок и доколку Судот го прифати, на Бошкоски му се заканува долгогодишна затворска казна, пишува весникот

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1