На скопјанката Мимоза, иако често не ги менувала партнерите, сепак, поради едно мало невнимание при сексуалниот однос, животот ~ се сменил од корен. Таа се соочила со смртта инфицирајќи се со ХИВ, кој го добила од едниот од тројцата партнери што ги имала во животот.
– Тоа беше шок за мене…, не размислував за ништо, само си го поставив прашањето – ќе умрам ли јас сега, до кога ќе можам да живеам инфицирана со ХИВ? Не користев секогаш кондом, никогаш не пробав дрога, вирусот го добив по сексуален пат. Често луѓето мислат дека ако имаш многу сексуални партнери, си во голем ризик. Еве, имав само тројца партнери, од кој едниот имал ХИВ, а јас од него го добив вирусот – раскажува 26-годишната Мимоза од Скопје, која за „Дневник“ открива како од 2006 година живее со ХИВ. Таа не сакала да го открие вистинскиот идентитет, плашејќи се од негативна реакција во околината.
– Не е тешко да се живее со ХИВ, како и сите, научив да се носам со болеста, а сакам да станам и мајка. Работам, спортувам, се дружам, имам партнер, кој ме прифати каква што сум. Но, во почетокот не беше така. Ме избегнуваа колегите на работното место, пробаа и да ме отпуштат од работа зашто се прошири веста дека сум ХИВ-позитивна. Дури ми бараа да приложам и негативен тест ако сакам да останам на тоа работно место?! За среќа, имав голема поддршка од една колешка, која ми беше претпоставена и која застана зад мене. Со нејзина помош останав да работам, но сепак, и денеска чувствувам дека е присутна стигмата, а луѓето, за жал, до ден-денеска не знаат како вирусот се пренесува.
– Долго имам партнер, кој не е ХИВ-позитивен, а му кажав за дијагнозата. Тоа не беше лесно, не знаев каква ќе биде неговата реакција, но добив целосна поддршка. Ми требаше околу три месеци да се решам да соопштам дека сум инфицирана со ХИВ. За цело време користевме кондом, а и тој направи ХИВ-тест, и тоа три пати за да се увери дека е негативен. Тоа беше доволен показател дека со кондом не може да се пренесе вирусот.
Целата сторија на – Дневник