Сведоштво на спонзоруша: Еве како се сакаат милионерите


Дали би можеле да спиете со човек само затоа што тој има длабок џеб? Дали би се изложиле на строга диета или би вградиле силикони само за да му се допаднете? Дали заради пари би се откажале од најважното – вистинската љубов?

sponzorusa-bogatas-pismo-suprug-1354268251-235679Повеќето жени за ова не размислуваат, ниту пак нивните морални начела тоа им го дозволуваат. Сепак, постои група жени кои немаат никаков проблем да бидат во врска само заради финансиска сигурност и општествениот статус. Ги нарекуваат „спонзоруши“, кои „ловат“ мажи без никакво чувство на вина. Битно е само тој да е добро ситуиран.

Жена, која тврди дека имала врски со неколку милионери, за еден австралиски весник прозборе за добрите и лошите страни на интимните врски втемелени на пари и ги предупреди сите потенцијални „спонзоруши“ да бидат подготвени на потчинување, секогаш да очекуваат конкуренција и да не се обидуваат  да го сменат мажот.

Трејси, како што во весникот е именувана нашата „спонзоруша“, врската со својот прв милионер ја имала на возраст од 19 години. Останатите подоцна ги барала преку интернет страница специјализирана за запознавање со богати клиенти.

hrvati-skola-striptiz-prostitutka-prostitucija-striptizeta-1343262656-190109– Некои луѓе секаат темна коса, сини очи… Јас едноставно сакам дебела сметка во банка – вели таа.

Оваа „плавуша“, која сега е во своите дваесетти години, признава дека се забавувала и со „обични“ момчиња. Само заради разноликоста. И по сите такви врски, морала сама себе си да се потсетува зошто повеќе ги сака милионерите.

Но, забавувањето со милионери, според неа, воопшто не било лесно.

– Богатите мажи му се изложени на вниманието на јавноста и затоа им е многу важно покрај себе да имаат репрезентативна личност. Освен тоа, покрај таквите мажи секогаш се „вртат“ и други жени. Единствениот начин тој да ве сака токму вас покрај себе е безрезервно да му се покорувате и да ги исполнувате сите негови желби – кажува, меѓу другото, Трејси.

Таа вели и дека во секоја врска влегува со надеж дека ќе се вљуби. Од десеттина нејзини милионери, досега се вљубила во двајца, но врските, за жал, не траеле. /Извор: outnow.ch/

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1