Сведоштво на жена чиј сопруг бил изеден од другарите


Русинката Олга Курочкина по прв пат јавно проговори откако минатата година нејзиниот сопруг Андреј заминал во Сибир на риболовна експедиција со тројца другари, а двајца од нив го изеле Андреј, откако било констатирано дека настрадал под неразјаснети околности

05042013170545_zena na izeden ribarНа детекторот за лаги, Александар Абдулајев, еден од преживеаните риболовци, призна дека го изел Андреј, но негираше дека го убил. Руските весници пишуваат дека е бизарно тоа што Абдулајев рекол дека го изел пријателот, не затоа што бил гладен, туку од други причини, притоа не наведувајќи ги истите.

Другиот член на експедицијата, Алексеј Горуленко, се бранеше со молчење и одби да разговара со полицијата. Телото на четвртиот риболовец Виктор Комаров сеуште не е пронајдено и тој се води како исчезнат.

Зрното надеж кое го имала Олга,дека нејзиниот сопруг Андреј е жив, било уништено кога на остатоците од телото била извршена ДНК анализа, со која се констатирало дека тие делови му припаѓаат на Андреј.

-Извештајот на 12 страни не ми остави ниту најмала надеж. Сега сум сигурна дека мојот сопруг Андреј е мртов, и дека неговото тело било пронајдено во Сибир- вели таа.

Олга е бесна поради се што се случило.

-Можете ли да замислите што ми остана од него? Стапало со прстите, прст од раката и задниот дел од черепот. Тоа е тоа. Тоа е се што ми остана од човекот кој го сакав- вели таа.

Олга додава дека не може достојно да се збогува од сопругот, затоа што нема речиси ништо од него. Според неа, сигурно е дека Андреј бил изеден од другарите.

-Сега знаеме дека Андреј умрел на некои друго место и дека телото му го влечеле низ снегови по целиот пат, јадејќи го малку по малку. Но со остатоците на мојот сопруг, пронајдени се и коски од животни. Тоа значи дека тие некако успеале да продолжат да ловат, а ако е тоа точно, тие и не биле толку очајно гладни за да го изедат Андреј.

Nova Makedonija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1