Против медицинската сестра од Виена, Рада Матиќ, свекорот на убиената пејачка Јелна Марјановиќ, Владимир, поднесе кривична пријава поради нејзините изјави во кои тврди дека тој и нудел пари и ја повикувал на оргии.
Да потсетиме, Рада на својот Фејсбук профил пред два месеци објави статус во кој напиша дека Владимир и испратил порака на телефон.
-Тој наеднаш стапи во контакт со мене, од скриен телефонски број ми упати молба „да бидам добра кон Зоран и него“. Кога го прашав да ми каже на што конкретно мисили, ми рече дека предлага секс во тројка. Така ги потврди сите мои сомнежи дека се припадници на секта. Ми предложија оргии зошто во нив се е дозволено, тврдеше Рада Матиќ.
Како што пишуваат белградските медиуми, семејството Марјановиќ не остана имуно на изјавите на Рада и пишувањето по социјалните медиуми.
-Рада Матиќ изјави многу нешта за Марјановиќ. Покрај Зоран во своите изјави го споменуваше и неговиот татко Владимир, за кого тврдеше дека и нудел оргии, но и барал пари за да молчи. Владимир одлучил да ја докаже својата невиност во сето тоа и неодамна поднесе кривична пријава против неа, за да одговара на суд за сите лаги во кои ја споменувал неговата фамилија, вели извор.
Тој додаде и дека сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ, не поднел пријава против извесната Рада В/
-Веројатно дошло до забуна зошто Зоран не поднесе пријава, тврди пријател на ова семејство.
Јелена Марјановиќ е убиена на 2. април на насипот во Борча, а убиецот се уште не е пронајден.