Свештеник продавал маслиново масло како „лек за ХИВ“ за пет фунти!


Евангелискиот свештеник Гилберт Деј, кој себеси се нарекува бискуп од Пекама“ е осомничен за измама откако неколку лица го пријавиле дека им продавал „чудотворен лек за ХИВ“ кој, всушност, бил најобично маслиново масло.

lek(3)

Новинарите на локалните весници, кои ја истражувале оваа приказна, дошле до сознанија дека тој во црквата продава шишиња со маслиново масло кои инаку чинат две фунти, по цена од пет фунти. Покрај шишињата се наоѓале памфлети за „мистичната моќ“ на ова масло и неговата примена во лекувањето на ХИВ и разните облици на рак.

„Бискупот од Пекама“ тврди дека овие болести се „последица на демони коишто се настаниле во телото“. Неговите третмани изгледаат така што на луѓето им ги мачка градите со масло, а потоа им наредува на „демоните“ да излезат надвор.

Инаку, вистинско чудо е како тој воопшто опстанува во Британија имајќи предвид дека во 2006 година за влакно ја избегнал депортацијата во родната Кенија откако украл пет бебиња од родилиштето кои се обидел да им ги продаде на двојки без деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1